Од 22 до 25 август на патеката Кривогаштани-Крушево ќе се одржи четвртиот меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“. Организатори на настанот се Агенција за млади и спорт, Скијачката Федерација, Фондацијата Тоше Проески и клубот Олимпик Скии – Крушево, како и општините Крушево и Кривогаштани. Агенцијата за млади и спорт заедно со Скијачката федерација на Македонија, за многу краток период успеаа да го издигнат ,,ФИС Ролер ски куп Тоше Проески” на ниво со останатите меѓународни манифестации во регионот.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски на пресот изјави дека потврда за тоа е што од година во година имаме се повеќе пријавени натпреварувачи и учесници, со што и оваа година ќе гледаме интересни трки на патеките на релација Кривогаштани-Крушево.

Земјите кои оваа година ќе земат учество преку своите претставници, покрај домаќинот Северна Македонија се Австрија, Хрватска, Грција,Словенија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Романија. Предноста за овие натпревари е дека се бодуваат исто како и зимските натпревари, така што на овие натпревари нашите натпреварувачи и сите учесници добиваат бодови за крајната ФИС листа и секако овие натпреварии влегуваат во оние квалификациски натпревари за бодување и пласман на зимските олимписки игри“ – изјави Каевски.

Тој во продолжение потенцираше дека се надева дека овој настан ќе расте од година во година,

и дека оваа манифестација ќе потсетува на големиот и никогаш незаборавен Тоше Проески.