Медиумите ширум светот секојдневно пишуваат најразлични информации за Нејмар и неговото заминување од ПСЖ. Бразилската ѕвезда се поврзува со Барселона, Реал и Јувентус, но во преден план е каталонскиот гигант.

Во изминатиот период челниците на Барса дојдоа во Париз на преговори, но не дојде до договор.

Сепак неофицијално до 2. септември кога завршува преодниот рок во Ла Лига треба да испратат сериозна понуда.

Кога сме кај преговорите, шпанските медиуми објавија дека францускиот првак вчера одбил интересна понуда. Барселона понудила 10 милиони за Нејмар и тоа за Бразилецот да дојде на едногодишна позајмица, со тоа што клубот има можност за откуп на неговиот договор за дополнителни 170 или 180 милиони евра. Последните информации зборуваат дека Барселона понудила и позајмица на две сезони со право на откуп на договорот.

Но, секако овие понуди се одбиена, од ПСЖ веќе неколку пати порачаа дека нема да го позајмат Нејмар и би го продале но не за помалку од 222 милиони евра, сумата која ја дадоа во 2017 година токму на Барселона.