Раководството на Цибона одлучи да му се заблагодари на Квинси Милер само 20 дена откако потпишаа договор со него.

Причината за ваквиот потег на тимот од Загреб е проблемот со повредата со која се соочи минатата сезона. Милер и натаму не е целосно опоравен, па нема да може да одговори на барањата на Цибона.

Минатата сезона настапуваше за Хувентуд, а беше член и на Црвена Звезда, тимот со кого дојде до шампионската титула во АБА-лига.

Во својата кариера менуваше многу средини, меѓу нив беа и НБА-екипите на Денвер, Сакраменто и Детроит.