Мексиканскиот напаѓач Ирвинг Лозано денеска ќе му стане соиграч на Елмас во Наполи. Италијанскиот клуб цело лето бараше напаѓач и реши да го ангажира голгетерот на ПСВ со прекар „Чаки“. Сумата е 38 милиони евра плус бонуси со што максималната сума што ќе ја исплати е 42 милиони.

Лозано беше пречекан од бројни навивачи на Наполи кои се обидуваа први да се фотографираат со новата ѕвезда на клубот.

Лозано е универзален играл, може да игра како лево и десно крило и офанзивен играч за врска. Неговиот ефект во дресот на ПСВ е 40 гола на 79 натпревари за холандскиот клуб, а ја освои титулата во сезоната 2017/18.