Само неколку денови откако го напушти албанскиот Кукс, некогашниот македонски репрезентативец Ардијан Цуцули се пресели во Косово потпишувајќи го тамошниот прволигаш и двократен шампион на таа држава Дрита од Гњилане.

Мило ми е што сум дел од супер тимот на Дрита од Гњилане. Се надевам дека заедно ќе ги исполниме поставените цели. Напред Дрита“ е коментарот на Цуцули по трансферот.

Цуцули најголем печат на кариерата остави во дресот на Шкендија за која настапуваше во два периоди 2005-2014 со исклучок на две позајмици во Победа и Милано од Куманово и од 2015 до 2018 година. Една сезона играше за Партизани од Тирана, и ланската сезона ја помина во Кукс.