Во трката за големи заработки, спортистите често забораваат на спортскиот момент. Некои од нив, сепак, се издвојуваат. По Полјакот Блашчиковски кој минатата зима се согласи да игра за џабе за својата Висла, сега фудбалерот на Фенербахче Алпер Потук повлече несекојдневен потег.

Имено, 27-годишниот Турчин денеска потпиша нов договор со Фенер до 31 мај 2022 година, но доброволно се откажал од 40% од платата која му припаѓа според договорот. Тоа значи дека Потук секоја сезона ќе му остави на Фенер по 880.000 евра во клупската каса.

Овој подарокод Потук е во обид Фенер конечно да застане на здрави нозе и да ја стабилизира својата финансиска состојба. Од клубот изјавија дека ваков потег досега немаат сретнато низ историјата на клубот и турскиот фудбал.