Боксерската федерација на Македонија информираше дека ангажираше нов селектор од Куба. Станува збор за Хесус Сојет.
„Боксерската федерација на Македонија, во моментов во Струга, под раководство на селекторот од Куба, Хесус Сојет, одржува камп во три возрасни категории, вкупно 30  пионери, кадети и јуниори ќе работат со селекторот на физички и технички план до 30. август“, соопштија од федерацијата.