Рускиот Торпедо Москва во новата сезона игра со специјално дизајнирани дресови од навивачите, што се случува за првпат во нивната историја односно првпат во Русија. Клубот им даде одврзани раце на навивачите да ги скоцкаат двата комплета на дресови (дома-гости) на тимот, а тие после неколку месечна работа дојдоа до решение.

„Сакавме да направиме нешто уникатно, сосема поинаков дрес од другите. Наш дрес. После долг период на разговори, разгледување на идеи, бои крајниот продукт е како на сликата. Потоа дизајнот го дадовме до неколку компании за спортска опрема, а „Макрон“ понуди најприфатлива цена“, изјави фан на Торпедо, и шеф на фан-шопот на овој московски клуб Сергеј Јуров.

Но крајниот производ е супер! И фудбалерите се задоволни, а и добро се продаваат.