Карлос Вела ноќеска го постигна својот најубав гол во кариерата. Тој за својот Лос Анџелес погоди против Сан Хозе со еден убав гол, откако успеа да мине неколку противнички играчи, потоа и голманот, и на крајот да си „поигра“ и на празниот гол.

Многумина сметаат дека Вела треба да се врати во Европа каде што настапуваше, и дека МЛС дефинитивно не е на негово рамниште.