Енди Мареј полека се враќа на терниските терени после операцијата на колкот, па следната недела ќе заигра на „Челенџер“ турнир „Рафаел Надал“ во Мајорка.

Тоа ќе биде прв пат после 2005 година да игра на ваков тип на турнири.

Мареј се врати на терените 210 дена после операцијата на колкот. Настапи на АТП турнирот во Синсинати, но загуби уште во 1. коло од Ричар Гаске. Оваа недела исто така е поразен во 1. коло од турнирот во „Винстон Салем“.