Фудбалерот на ДС Јунајтед Вејн Руни направи голема глупост. Тој удри противнички играч без топка, и судијата веднаш му покажа црвен картон, откако преку ВАР се осигура дека Руни намерно го сторил тоа.

Темпераментниот фудбалер почна со глупостите во МЛС откако е јасно дека во јануари се враќа во Англија, откако ги договори сите детали со Дерби Каунти.

Меѓутоа американската федерација сигурно нема да му прости и му подготвува казна на некогашниот англиски репрезентативец.