Селекторот на САД, Грег Попович по завршување на пријателската средба со Австралија беше импресиониран од 51.218 публика која дојде да го проследи овој дуел.

„Чувството беше како да е во прашање некој филм. Постојано гледав позади мене, затоа што знаев дека ќе ја напуштам сцената, потоа им реков на моите помошници: Не знам што се случува тука. Беше навистина чудна ситуација“, изјави Попович.

И капитенот на САД, Кемба Вокер беше воодушевен од она што го виде во Мелбурн.

„Беше неверојатно да се игра пред оваа публика“.

Американците славеа со 102:86 на првиот од двата натпревари против Австралија.