Во текот на изминатите неколку денови се одиграа 13 натпревари од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Немаше некои посебни изненадувања, сите фаворити, некои и со потешкотии, го минаа првиот куп филтер.

Се чека уште на Вардар, кој ќе игра на 28 август со Саса, за да во 1/8 финалето  имаме 16 екипи од кои најголем дел со големи амбиции во ова натпреварување.

Во 2. коло од Купот се пласираа Македонија ЃП, Академија Пандев (овие две екипи беа слободни во 1/16 финалето), потоа Брегалница, Тиквеш, Пелистер, Силекс, Охрид, Ренова, Лабуништа, Шкупи, Струга Трим Лум, Работнички, Борец, Осогово и Шкендија. И чекаме, како што