Динамо Загреб вчера го совлада составот на Розенборг со 2:0, во рамките од плеј-офот во Лигата на шампионите, и се наоѓа пред пласман во групната фаза. Првиот гол за Динамо беше постигнат од белата точка преку Петковиќ, а тренерот Ненад Бјелица по натпреварот истакна дека не бил така договорот, односно дека тој не требало да го изведе ударот од 11 метри.

„Петковиќ не требаше да го шутира пеналот, туку тоа требаше да го стори Оршиќ. Но, не можете да видите се од клупата. Сепак, драго ми е што го реализираше пеналот“, истакна Бјелица по мечот.

Инаку Петковиќ шутираше неодбранливо, во горниот лев агол, голманот ја избра вистинската страна, но не успеа.