Навивачите кои овој викенд ќе дојдат на белградскиот стадион „Рајко Митиќ“ и ќе учествуваат во давањето на крв, ќе добијат билет за натпреварот Црвена Звезда – Јанг Бојс во плеј-офот од Лигата на шампионите.

Утринава непосредно пред пуштањето на билетите во продажба, на стадионот имаше огромна колона на луѓе кои чекаа да дојдат до влезница за реваншот од плеј-офот во најелитното европско натпреварување.

Некои од нив ја минале и ноќта во автомобилите пред стадионот, чекајќи да фатат подобро место во редот за билети.