Како наближува крајот на преодниот рок, така останува се помалку време за оние слободните да најдат ангажман. Големите клубови веќе ги формираа своите тимови, па остана сега оние кои имаат потреба во последните денови од преодните рокови да „грабнат“ некое засилување. А, доколку некои клубови се решат да посегнат по македонски фудбалер, ги има многу слободни… Голем дел од нив се поранешни репрезентативци, и имаат добри биографии.

Мирко Ивановски – и натаму е без ангажман откако си замина од Хајдук. Беше во преговори со еден хрватски и два израелски тима, но засега останува „слободен агент“

Бесарт Абдурахими – некогаш големото „засилување“ во репрезентацијата, нема клуб откако се раздели со романски Херманштад. За него нема никаква информација каде ќе ја продолжи кариерата

Марио Ѓуровски – долго време играше во Тајланд, а сега е без ангажман. И за него нема информации каде ќе продолжи да настапува

Владимир Димитровски – поранешниот репрезентативец до скоро беше дел од Работнички. Сега работи индивидуално и бара клуб. Се шпекулура дека ќе се врати во Грција каде што играше за Керкира

Елдис Бајрами – некогашниот младински репрезентативец беше голема надеж, но откако замина од Сент Полтен, нема клуб. Се очекува да остане во Австрија и да потпише за некој клуб, веројатно од 2. Лига. Има само 26 години

Виктор Ангелов – доскорашниот играч на Шкупи и натаму е во потрага по ангажман. Тој беше дел од онаа златна генерација на младата селекција која играше на ЕП, но на неколку дена пред крајот на рокот нема клуб

Има уште неколку фудбалери кои и натаму немаат клубови. Меѓу нив се Марјан Алтипармаковски кој што правеше операција и сега е подготвен за „кам-бек“, потоа без ангажман се и Самир Фазли, Бојан Најденов и Стефан Јевтоски.