Во последно време при интервјуата, новинарите се повеќе ги прашуваат играчите да го истакнат својот идеален тим. Така беше и случај со Жоржињо, а овој им врати со „смешен“ тим.

„Вака, голман нема, затоа што одиме да играме офанзивен фудбал, да уживаме во него и да играме сите во поле. Прво се бирам себе си, потоа ги одбирам Вилјан и Емерсон. Во нападот ќе играат Фалкао и Робињо. Не е лошо, а?“, изјавил Жоржињо.

Тој во интерјуто истакнува дека како мал за малку не се откажал од фудбал. На 15 години заминал во Италија каде ја минал пробата во Верона. Прво живеел со 20 евра неделна, и се воспоставило дека агентот му ги крадел парите. Тука сакал да се откаже од фудбалот.