Извршниот директор на ФИБА, Камил Новак, го посети Скопје за време на одржување на Европското првенство за кошаркарки до 16 години.

Претседателот Перо Антиќ, Генералниот секретар Владимир Георгиевски и Спортскиот директор Тодор Гечевски заедно со Камил Новак ги посетија спортските центри каде се играат натпреварите од првенството, а заедно проследија и неколку натпревари кои беа на агендата на првиот натпреварувачки ден.

По еден ден во Скопје, Камил Новак ќе замине за Кина за претстојното Светско кошаркарско првенство.