Откако не успеаја да се договорат со никого околу неговата продажба (барем не досега), првите луѓе на Интер решија да го стават Мауро Икарди во тимот за следната сезона. Според италијанските медиуми, Икарди ја загуби „деветката“ која ја имаше до минатата сезона и сега е пријавен како фудбалер со број „7“.

Овој нов број на Икарди може да го добие некој друг фудбалер на Интер само во случај до крајот на летниот трансфер период Аргентинецот да биде продаден.