Челси утре ќе игра против Норич, а „сините“ се соочуваат со неколку проблеми како на пример повредите на Канте,  Педро и Хадсон-Одои, а тренерот Френк Лампард освен што ќе треба да прави претумбации ќе мора да најде формула за успех.

Мечот е важен како и секој друг. Секако дека сакаме да победиме, Норич има добар тим, а минатата сезона ме воодушевија. Ќе биде тешко“, изјави Лампард кој на прашањето дали е загрижен што неговиот тим уште нема победа одговори:

Секако. На секој меч се надевате на триумф. Работевме на разни стилови. До сега покажавме неколку добри работи, меѓутоа се уште не сме таму каде што сакаме да бидеме. Не може се одеднаш да се промени. Продолжуваме да работиме на подобрување на играта“.