Лионел Меси е нов член на норвешкиот третолигаш Јункерен. Се разбира, не станува збор за „ѕвездата“ на Барселона, туку за 16-годишниот Лионел Меси од Норвешка.

Да, така се вика, но откако си го сменил името, затоа што е опседнат со оригиналниот Меси. Порано се викал Данил Аре Кнутсен.

„Долго време планирав да го сменам името во Лионел Меси. Морав тоа да го направам. Се обидувам да бидам близок на неговиот стил на игра“, изјавил 16-годишниот Меси.

Но со оглед на тоа каде потпишува, тешко дека ќе го достигне успехот на оној вистинскиот меси.