Рускиот репрезентативец Глеб Калараш се враќа во Вардар и потпиша нов двегодишен договор со европскиот првак.

Главниот дефанзивец замина на крајот на сезоната во Мотор Запорожје, трансфер кој го најде во периодот кога се сметаше дека за „црвено-црните“ нема иднина, но откако сите проблеми се решија, тој направи се за да се врати во Скопје.

„Пивотот на Русија, Глеб Калараш, потпиша доогвор со Вардар. Согласноста за соработка е за следните две години. Веднаш штом дојде во Скопје тој ќе се приклучи на тренинзите на тимот“ – потврди спортскиот директор на Вардар, Едуард Кокшаров.

Калараш денеска треба да ги мине лекарските прегледи и да му се приклучи на тимот на тренинзите, но поради административни пречки нема да настапи на ИХФ Супер Глоуб.