Незадоволниот Ренато Санчез, конечно, ќе има нов клуб, и денеска се очеквуа да го стави потписот со француски Лил.

Санчез најпрво го искажа своето задоволство, за во текот на подготовките да рече дека ќе остане во Минхен и ќе се бори за место. Меѓутоа по мечот со Херта, каде што не беше во плановите на Ковач, дефинитивно им соопшти на челниците на „Баварците“ дека си оди.

Лил, пак, за него плаќа 25 милиони евра, што за францускиот тим ќе претставува нов рекорд.