Денеска поранешниот шпански репрезентативец Фернандо Торес му кажа збогум на фудбалот. Тој се прости од професионалното играње на фудбал на натпреварот помеѓу неговиот сегашен клуб Саган Тосу против Висел Кобе на сонародниците Андрес Иниеста и Давид Виља.

Резултатот не беше по мерак на Торес затоа што тој и неговите колеги беа посрамотени од противникот. Изгубија со 1:6. Сепак, резултатот остана во втор план затоа што важен беше големиот Торес кој доби овации од публиката и соиграчите.

„Не можев да замислам дека од фудбалот ќе се простам на меч против моите драги репрезентативни колеги. Се обидував долго време да најдам вистински момент да кажам збогум и мислам дека го одбрав вистинскиот“, изјави Торес.

Торес речи да се пензионира на 35 години. Напаѓачот играше за Атлетико, Ливерпул и Челси.