Белорускиот пара-веслач Дмитри Ришкевиќ (33) се удави само неколку дена пред почетокот на СП во веслање во австрискиот град Линц-Отеншajм.

Ришковиќ во средата околу 13 часот се преврте со чамецот. И покрај тоа што спасувачкиот брод веднаш дошол на местото, веслачот се држел за чамецот, но набрзо го пуштил и му се губи секаква трага.

Со помош на нуркачите, телото на веслачот е пронајдено на длабочина од 2,5 метри после три часа интензивна потрага. Лекарите го прогласиле за мртов. Не е јасно како Ришкевиќ потонал, кога на сите чамци за спортистите со хендикеп, се наоѓа посебна справа која спречува тонење. Полициајта веднаш покрена истрага.

Ришкевиќ шест години се занимава со веслање, бил дел од две светски првенства, и се надеваше на параолимписките игри во Токио.