Аксел Рејмонд од Франција, актуелниот светски првак, е победник на Охридскиот маратон кој се одржа денеска. Во неизвесна трка до самиот крај, тој успеа да го победи македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев, кој, пак се искачи на првото место во генералниот пласман.

Франческо Џетини заврши како трет, додека Италијанецот Стокино на 4. позиција на патеката од Свети Наум до Охрид долга 25 километри.

Инаку Рејмонд триумфираше на охридскиот пливачки маратон во 2013 година.

Кај жените триумфот заслужено и припадна на Алис Франко, која 25-километарската патека ја исплива за време од 5:41:15 часа, пред второпласиранта Ерика Јенсен од Аргентина (5:42.31) и бронзената Пилар Геихо исто така од Аргентина со остварено време 5:50:30 часа.