Репрезентацијата на САД го забележа првиот пораз во подготовките за Светското првенство кое наскоро почнува во Кина. Грег Поповиќ и неговите момци беа поразени од Австралија со 98-84 (26-23, 23-25, 27-30, 18-20) во вториот пријателски натпревар одигран во Мелбурн.

Ова беше прв пораз за „Дрим тимот“ по 78 одиграни мечеви на сите дуели, додека пак за Австралија прва победа во пресметките со оваа репрезентација. Пети Милс беше човекот кој го оствари сонот на 52.000 публика, во последната четвртина не им дозволи на ѕвездите да заминат со целиот плен.

Американците ја добија само првата четвртина со 26-24. Австралијанците во продолжение трпеливо го уриваа онаа минимално водство на противникот на полувремето намалија на 49-48 за неизвесен финиш.

Милс со 29 поени го предводеше својот тим до триумфот, на другата страна Вокер имаше 22 поени.

За САД ова беше прв пораз по оние победи над Доминаканска Република, Шпанија и Австралија.