Фудбалска убавица уште на стартот на сезоната во Серија А. Фиорентина – Наполи 3:4, меч во кој свое деби во Калчото имаше и Македонецот Елиф Елмас, кој влезе во игра во 71.минута и одигра сосема солидни 20-тина минути.

Мечот го отвори Пулгар од пенал за Фиорентина, потоа Мертенс и Инсиње од пенал го свртеа резултатот на 2:1 за Наполи. Миленковиќ израмни на 2:2, за  да Каљехон во 56.минута постигне гол за 3:2. Но имаше уште голови на „Артемио Франки“, Боатенг во 65.минута стрела за ново изамнување а конечните 4:3 за Наполи ги постигна Инсиње во 67.минута.