Еурофарм Работник остана без трофеј и на вториот претсезонски турнир на кој учествуваше откако во крајно неизвесно и драматично финале, по изведување на седмерци загуби во финалето 26:25 (10:11) од француски Шартр на ТВ турнирот на шампионите во Добој.

Вистинско финале понудија „фармацевтите“ и Шартр со убав, цврст ракомет, со убави голови и на двете страни и се резултатски неизвесен дуел.

Во прво полувреме кое мина во знакот на македонскиот вице-првак, во вториот дел константно се играше егал, а откако Чурлевски погоди за 21:20, Еурофарм Работник имаше напад и за +2, но не го искорист. Јукиќ казни за нов егал, а „фармацевтите“ не го искористија следниот напад, па Вања Илиќ со својот седми погодок го донесе Шартр на 21:22 на минута ипол до крајот. Стевче Алушовски побара тајм-аут, а Горан Кузмановски преку седмерец изедначи на 22:22.

Шартр имаше напад за победа, но досуден беше прекршок во напад, па во последниот напад за „фармацевтите“, во кој напаѓаа со „7 на 6“ Вегар не успеја да погоди, Граховац го одбрани неговиот удар.

Во пенал-рулетот, Граховац го спречи Кузмановски, а потоа и Чурлевски не реализираше, додека Чаневски успеја да запре само еден противнички седмерец.