Ракометарите на Нант со победа стартува на „Еуро-турнирот” во Стразбур кој традиционално е најава за сезоната во францускиот ракомет. Во мечот од првото коло во групата, екипата на Алберто Ентрериос го потврди одличниот тренд во подготвителниот период и во финишот го скрши тимот на Елверум за победа од 35-32.

Капитенот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров беше лидер во редовите на својот тим, натпреварот го заврши со седум погодоци. Македонскиот „бомбардер“ погоди за 28-29, а при 32-32 постигна гол за сигурно чекорње кон триумфот.

Попладнево за место во финалето францускиот тим ќе се сретне со унгарскиот вицешампион ПИК Сегед. Во втората група се наоѓаат Чеховски Медведи, Монпелје и Бенфика.