По ремито со Херта во 1. коло, Баерн (М) со убедливи 3:0 на гостувањето кај Шалке се врати со првата сезонска победа во Бундеслигата. И денеска херој на баварците беше првиот стрелец Роберт Левандовски, кој трипати беше прецизен во мрежата на домашните.

 

Баерн отвори со гол од пенал во 20. минута, а во вториот дел Полјакот уште двапати во 50. и 75. минута ја начна мрежата на Шалке и им донесе убедлива победа на гостите. Шалке и по 2. коло сезонава остана без победа.