Најверојатно трансферот на Нејмар станува невозможна мисија. „L’Ekip“ пишува дека Бразилецот ја спуштил топката на совет на својот менаџер и се обидува да ги поправи односите со челниците на ПСЖ. „Војната“ полека стивнува, ситуацијата комплетно се променила.

И на Нејмар му е јасно дека сумата од 200 милиони евра е преголем „залак“ за сите оние клубови кои влегоа во трка за неговите услуги. Барселона прва застана во редот, но сите понуди на каталонскиот тим беа експресно одбиени, истото се случи и со Реал Мадрид. „Кралевите“ беа подготвени да дадат 100 милиони евра плус неколку фудбалери.

Според францускиот медиум, Нејмар најверојатно ќе остане уште година дена во редовите на ПСЖ. Секако нема биде едноставно, тој веќе не е миленик меѓу фановите, ќе треба да ги истрпи сите оние навреди, секако доколку влезе во составот, а потоа истрча на теренот.

По завршување на овој викенд ситуацијата со Бразилецот ќе биде далеку појасна.