ЛА Лејкерс најдоа замена за повредениот ДеМаркус Казинс, кој најверојатно ќе ја пропушти цела сезона поради повреда на лигаментите на коленото.

Станува збор Двајт Хауард, кој дресот на „езерџиите“ го носеше во сезоната 2012/13, но поради несогласувањата со Коби Брајант сработката кратко траеше , па замина во редовите на Хјустон. Осумкратниот Ол-стар играч ќе добие нова шанса во редовите на 16-кратниот шампион.

33-годишниот кошаркар го раскина договорот со Мемфис Гризлис и како слободен играч ќе се пресели во Лос Анџелес Лејкерс. Минатата сезона тој беше дел од тимот на Мемфис.

Хауард во 2004 година беше избран како прв пик на драфтот од страна на Орландо, по осум години потпиша за Лејксер, а потоа беше член на Хјустон, Атланта, Шарлот, Мемфис.