Трета победа за англискиот вицешампион на стартот од новата сезона во Премиер лигата. Пред своја публика, момците на Јирген Клоп со 3:1 го совладаат Арсенал во дербито на 3. коло.

По неколку пропуштени шанси првиот гол стигна во 41. минута, кога Матип со глава ја затресе мрежата на Лено и го однесе Ливерпул на пауза со предност од 1:0.

 

Во вториот дел следуваше серија на Мо Салах кој со два погодока го најави победникот на дуелот на „Енфилд Роуд“. Најпрво од пенал во 49. минута зголеми на 2:0, за својот трет гол да го постигне во 59. минута за убедливи 3:0.

 

Арсенал се потруди да намали и во финишот преку Лукас Тореира успеа да постигне почесен гол за 3:1. „Топчиите“ покажаа дека не беа дораснати за дуел со европскиот шампион, кој доминираше во сите елементи од фудбалската игра.