Шпански „АС“ тврди дека Жозе Мурињо се враќа во Реал Мадрид.

Според него единственото што се чека е заминувањето на Зинедин Зидан, а тоа е прашање на време, со оглед на тоа дека актуелниот стратег веќе ги има загубено сите кредити.

Почнувајќи од измената на Бензема во финалето, неговата чудна тактика со четворица напаѓачи, лошиот однос кон Бејл, па се до ремито (1-1) во Ваљадолид… за многу работи му замеруваат на Зидан.

Интересно е што Мурињо беше главен кандидат за клупата на Реал Мадрид пред пет месеци, кога ја превема Зидан, а сега може ќе биде тој што ќе го замени Французинот.