Само еден гол повторно им беше доволен на момците на Чоло Симеоне да освојат три бода на дуелот со Леганес во рамките на 2. коло од шпанската Ла Лига.

По асистенција на младиот Жоао Феликс, Витоло погоди во 71. минута и им донесе нова минимална победа на „јорганџиите“ кои во стартните две кола постигнаа два гола и обезбедија две победи, со кои остануваат на врвот на табелата во Ла Лига, очекувајќи го вечерашниот настап и на Барселона, која во првото коло беше поразена во Билбао.