Еден од најдобрите играчи на Лајпциг, германскиот репрезентативец Тимо Вернер го продолжи договорот до 2023 година. Меѓутоа германските медиуми шпекулираат дека во договорот е ставена чудна откупна клаузула, односно секој кој ќе сака да го види во своите редови ќе треба да плати само 30 милиони евра.

Ова лето Вернер се поврзуваше со Баерн, но само ако Левандовски заминеше во Реал. Но тоа не се случи, и Вернер остана во Лајпциг, но баварскиот тим без проблем може да го ангажира ако ја плати клаузулата. А 30 милиони не се ништо.

Додека другите клубови ставаат откупни клаузули од кои боли глава (Елмас има 100 милиони евра), во Лајпциг не размислуваат така.