Дури сега се гледа, посебно по вчерашниот настап на Давид Луиз за Арсенал против Луверпул, зошто Челзи така лесно се „ослободи“ од Бразилецот. Сега во Челзи се смеат, велат дека Давид Луиз бил катастрофа. А и не се далеку од вистината. Имено тој е нјголемиот виновник што Ливерпул на моменти си поигруваше со „топџиите“ и што победи со 3:1 во дербито.

Инаку Френк Лампард сакал да го „откачи“ Луиз уште по една контролна средба летово. Против Салцбург „плавците“ од Лондон победиле со 5:3, но одбраната на чело со Давид Луиз била очајна. По тој меч Лампард на висок тон имал дискусија со Бразилецот, и после тоа се знаеле дека за него нема место во Челзи на Лампард. Па токму затоа едвај чекале некој да испрати понуда, а Арсенал „загризал“ и се чини направи голема грешка. А, во Челзи си гледаат сеир…