Како што и најавивме, убаво фудбалско попладне на Чаир. Добра, квалитетна игра меѓу Шкупи и Ренова со крајни 2:2. Пресврти, гол во последни секунди од мечот, двапати стрелец Јурина, двапати Селмани. Гледачите на Чаир можеа да уживаат а Ренова да жали за пропуштената шанса да дојде до 3 од 3 во оваа сезона.