Андреа Довициозо имаше страшен пад на денешната трка на Британското Гранд при откако „ни крив, ни должен“ се истркала на патеката, а неговиот Дукати се запали. Имено Фабио Каратаро со својот Јамаха се излизга на асфалтот, а Дови кој беше веднаш за него немаше време да реагира туку удри во него и тој летна од моторот и падна на патеката.

Тој остана во несвест неколку секунди, а лекарите го повратија назад и тој веднаш бил префрлен во болницата во Ковентри. Италијанецот имал краткотрајно губење на памтењето, но состојбата му е подобрена. Исто така нема скршеници, но ќе остане во болница за претпазливост.