Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди има уште осум дена (тогаш завршува преодниот рок во Италија) да најде нов клуб.

Наполи беше подготвен за него да плати 65 милиони евра, но сега Интер има нова цена за него, 70 милиони евра, пишува Скај Спорт.

Антонио Конте не смета на Аргентинецот, тоа е одамна јасно и покрај сите обиди на Икарди да остане во Интер…

Дали Наполи ќе биде подготвен да ја плати новата цена за трансферот останува да видиме.