Неверојатно, но точно. Синиша Михајловиќ на напуштил болницата во која се лекува од леукемија и се упатил кон Верона каде вечерва ќе седи на клупата на Болоња за дуелот од првото коло во Серија А.

Натпреварот почнува во 20:45 часот, а Михајловиќ по неколку недели минати во болница одлучи да се врати на чело на тимот и лично да ги предводи своите момци на дуелот со Верона.

Српскиот тренер на 13. јули и официјално потврди дека боледува од леукемија и дека покрај лекувањето ќе го прати својот тим од болничката соба, но не се чини не издржа.