Борусија Дортмунд во петокот го совлада тимот на Келн со 1:3 на гости, и дојде до вториот триумф сезонава во вториот меч. „Милионерите“ имаа проблеми со оглед дека губеа по првиот дел. И во вториот дуел исто така со пресврт стигнаа до триумф.

Капитенот на Борусија Марко Ројс е самокритичен по победата.

„Игравме лошо, особено во првите 60 минути од мечот. После влегувањето на Брант и на Хакими, малку живнавме. Келн беше подобар од нас. Добро ги стопираше нашите напади, а беше многу опасен по нашиот гол. Мора нешто да се превземе“, изјави Ројс.