Христијан Кировски е херојот на Струга Трим Лум. Попладнево со двата погодока во мрежата на кратовци, тој му донесе голем триумф на својот тим, големи три бода. Интересно е тоа што за стружани ова беше втор меч на свој терен и втора победа.

„Ова се мои први голови за Струга Трим Лум, секако дека задоволството е големо, посебно кога ќе победи мојот тим. Напорно работев, овие голови се чини дека дојдоа во вистинско време. Сите сме среќни во клубот, сепак не треба да „летаме“ во облаци. Наш приоритет и натаму е опстанокот во елитата. Од друга страна убаво е кога се победува, само вака да продолжиме“, изјави за „СПОРТМЕДИА“ – Христијан Кировски.