Работнички продолжува со засилувањата за новата сезона. Само еден ден по потписот со америкаснкиот бек Хајден Лесколт, тимот од “Градски парк“ го договори Теодор Атанасов.

23-годишниот кошаркар игра позиција четири, а во последните три сезони го носеше дресот на Војводина, а во последната сезона во дресот на српскиот клуб бележеше просек од 10,4 поени и 4,4 скока. Атанасов ќе настапи како домашен играч, бидејќи е Македонец.

Во новата сезона Работнички во составот ќе го има Горан Главчев кој ќе биде на местото на Мираковски. Од таборот на Блокотехна дојде и Стефан Глигоријевиќ, а во дресот на најтрофејниот тим останува Стефан Младеновиќ,