Металург со победа се одјави од турнирот во Кањижа, откако го совлада Партизан со 28:23 за прв триумф во подготвителниот период пред стартот на новата сезона. Тимот од Автокоманда одигра одличен меч иако во составот немаше неколку стандардни ракометари.

Дамир Стојановиќ и неговите избраници одиграа неизвесно прво полувреме, по кое имаа позитива од еден гол 12-11. По одморот ракометарите на Металург одржуваа минимална позитива, отворија со два гола во низа за 14-11. Партизан успеа да се врати во игра, но македонскиот тим не дозволиа пресврт.  Во 58. минута беше 27:22, разлика со која заврши и средбата.

Најдобар стрелец во Металург повторно беше Мице Шилегов, со седум постигнати голови.

Металург од Кањижа ќе замине вечерва и ќе преспие во Лесковац, каде утре, со почеток во 17.30 часот, ќе одигра пријателски натпревар со екипата на Дубочица. Веднаш по тој натпревар ќе се врати во Скопје.