Некогаш големиот потенцијал на Барселона, и некогаш член на шпанската селекција Бојан Кркиќ, во моментов игра во МЛС во тимот на Монтреал Импакт која синоќа е поразена од Торонто 2:1.

Единствениот гол за Монтреал го постигна Кркиќ, кој покажа дека не го заборавил фудбалот.

Кркиќ се поврзуваше летово дека може да биде засилување за Црвена Звезда на патот кон Лигата на шампионите.

Кркиќ за Барса има преку 100 настапи. Потоа беше дел од Рома, Милан, Ајакс, Стоук, Мајнц, Алавес и сега во Монтреал. За Шпанија одигра само еден меч. Иако се највуваше како голем талент заедно со Меси, јасно е каде стигна едниот, а каде другиот.