Тренерот на Шкупи, Умит Каран, најверојатно ќе поднесе оставка утре од местото шеф на стручен штаб на чаирскиот тим.

Каран за во 13 часот закажа прес-конференција, на која веројатно на новинарите ќе образложи дека заминува од кормилото . Турчинот беше еден од омилените кај навивачите на Шкупи, а со тимот играше и во Лигата на Европа, каде беше елиминиран од Пјуник.

Заминувањето на Каран од Шкупи се шпекулираше уште пред неколку месеци, кога против него се води судски процес во Турција за сексуално злоставување од 2016 година.

Шкупи ја стартуваше сезоната со „реми“, пораз и победа во првите три кола.