20 минути доби нашиот голгетер Илија Несторовски во дресот на Удинезе во премиерата на новата сезона од италијанската Серија А. Веднаш по негово влегување во игра, Удинезе успеа да го отвори резултатот со голот на Бекао, кој се покажа како клучен за победата на домашните.

Милан одигра слаб меч и не покажа ништо поразлично од она што го видовме од „росонерите“ и минатата сезона. Практично, како ништо да не се променило во играта и квалитетот на миланезите. Удинезе покажа трпение и зрелост во играта под водство на Игор Тудор, искористи една шанса и дојде до трите бода. Несторовски го очекуваме веќе на следниот меч можеби и во првите единаесет на „фриулианите“.