Ним од негатива од 2:0 кај Монако, стигна до еден бод играјќи 2:2 и освојувајќи голем бод на ова гостување на „Луј Втори“. Македонскиот фудбалер Влатко Стојановски остана на клупата за францускиот тим и не доби шанса за настап.

Монако на полувреме имаше 2:0 со головите на Слимани и Бен Једер. Но, проблемите почнаа со црвениот картон на Жемерсон. Потоа Ним со два гола успеа да дојде до бод. До сега Стојановски играше само на еден натпревар, и тоа оној минатонеделниот против Ница кога доби шанса последните 23 минути.